Путин нареди промена на законот за оружје по пукањето во училиштето

71

Рускиот претседател Владимир Путин нареди преразгледување на законодавството за контрола на оружјето по смртоносното пукање во училиште во централниот град Казан, соопшти Кремљ.

– Претседателот нареди итно да се разработи нова регулатива за видовите на оружје што можат да бидат во рацете на цивилите, земајќи го предвид оружјето користено во нападот, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

– Факт е дека понекогаш лесното оружје се регистрира како ловечко оружје, кое во некои земји се користи како пушка, итн. Ова, исто така, ќе биде итно разгледано, рече Песков.

Властите на Татарстан го прогласија 12 мај за Ден на жалост по пукањето во училиште во Казан, соопшти шефот на прес-службата на претседателот на Татарстан. Наставата ќе биде откажана во сите училишта на овој ден.

Во денешниот напад убиени се осум лица, од кои седум се деца.