Токсините од воздухот ни штетат на многу начини. Покрај добро познатата поврзаност со ра*от на белите дробови и срцеви заболувања, научниците сега наоѓаат нови допирни точки со нарушувања како што се дијабетесот и Алцха*меровата болест.
Сè уште докрај не е познато на кој начин загадувањето на воздухот доведува до тоа. Научниците исто така се обидуваат да откријат како некои луѓе стекнале отпорност.
Некои истражувачи тврдат дека одговорите на овие прашања лежат во нашето еволутивно минато. Нашите предци, исто така, се бореле со токсините од воздухот, наведуваат Бенџамин Трамбл од Универзитетот во Аризона и Кејлеб Финч од Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Тие додаваат дека предците развиле отпорност на овие загадувачи, и оти денес таа адаптација ни овозможува заштита, со ограничен опсег, од отровите во воздухот. Некои генетски адаптации, од друга страна, нè направија поподложни на болести.
Пред околу седум милиони години, сушите во Африка се интензивирале. Во саваните периодично имало силни песочни бури од Сахара.
– Кога се крева прашина, доаѓа до проблеми со белите дробови, вели д-р Финч.
Белите дробови на првите луѓе исто така биле иритирани од полен и честици од фекалните материи што ги произведувале животните.
Д-р Финч и д-р Трамбл тврдат дека научниците треба да ја земат предвид можноста овие околности да ја смениле нашата биологија.
Едно сфаќање за гените е дека тие значително еволуирале откако нашите предци се иселиле од шумите.
Еден од нив е МАРКО (MARCO), кој служи како шема за производство на молекуларна кука што ја користат клетките на имунолошкиот систем во нашите бели дробови. Тие молекули ги расчистуваат бактериите и честичките.
Вдишувањето на правливиот воздух довело до еволуција на овој ген кај нашите предци кои талкале по саваните. Така вели хипотезата на д-р Финч и д-р Тамбл.
Подоцна нашите предци го совладаа огнот. Чадот создаде нов еволутивен притисок, веруваат д-р Финч и д-р Тaмбл. На пример, дојде до еволуција на ензимите на црниот дроб, за да можеме да се ослободиме од токсините што патуваат од белите дробови низ крвотокот.
Гери Перду од Универзитетот во Пенсилванија и неговите колеги пронајдоа докази дека чадот ја поттикнал еволуцијата на друг ген – AHR. Овој ген создава протеини. Кога токсините ќе се залепат за протеинот, клетките ослободуваат ензими што го неутрализираат отр*вот. Сепак, фрагментите што остануваат зад тоа можат да доведат до оштетување на ткивото.
Д-р Перду верува дека кај луѓето е развиен послаб AHR одговор како компромис за да се минимизира штетата што ни ја нанесуваат токсините од воздухот, но со што е можно помалку споредни ефекти.
Истражувачите откриле дека генот ApoE4 го зголемува ризикот од деменција при изложеност на загаден воздух. Овие истражувања, меѓутоа, се однесуваат на индустријализирани земји.
Кога истражувачите ги набљудувале заедниците како што се земјоделците во сиромашните села во Гана или шумарите во Боливија, ApoE4 имал поинаков ефект.
Во овие заедници голема причина за с*рт се инфективни болести. На такви места, ApoE4 ги зголемува шансите луѓето да доживеат зрелост и да имаат деца.
Природната селекција можеби му давала предност на ApoE4 стотици илјади години, но овој ген и други слични на него можеби имале штетни споредни ефект, кои биле невидливи сè до ова валкано, зачадено, модерно време.