Босанскиот “снајпер” пристигна во “кралскиот клуб” (ВИДЕО)

690

Реал Мадрид доведе ново (екстра) засилување.

Најдобриот босански кошаркар, Џанан Муса е нов играч на “кралскиот клуб”. Се работи за 23-годишно крило високо 206 цм. со одлична подвижност, брзина и убиствен шут. Муса според многумина претставува еден од најталентираните млади играчи во Европа.

Уште на неполни 16 годишни ја започнува својата професионална кариера во хрватска Цедевита по што следуваша пријавување на драфтот 2018-та година и избор во првата рунда (од страна на Бруклин Нетс како 29-ти пик). По само 49 одиграни натпревари во две години за “мрежичките”, лани се пресели во Анадолу Ефес каде одигра 12 натпревари по што се реши кариерата да ја продолжи во Шпанија. Настапуваше во тимот на Рио Београн. Беше вистински миленик на навивачите и ги награди со одлична игра. Имаше фантастична сезона и со целосно право се најде во центарот на вниманието на Европските кошаркарски гиганти.

Пред неколку дена, настапувајќи за својата репрезентација погоди победнички шут што донесе огромна радост на навивачите на Босна и Херцеговина на дуелот против Бугарија.

Уживајте во најубавите моменти во изведба на “Босанскиот снајпер” од ланската сезона.

Димитар Младеновски