Стерлинг стигна во Челзи (ВИДЕО)

569

Англискиот репрезентативец, Рахим Стерлинг преминува во Челзи.

Лондонскиот клуб ги договори деталите со Манчестер Сити и по долги преговори, конечно го ангажира 27-годишниот играч. Сумата која “сините” треба да ја платат за услугите на Стерлинг изнесува 47 милиони фунти.

Според “Индипендент”, Стерлинг веднаш би се приклучил со тимот на престојната турнеја во С.А.Д. По заминувањето на Габриел Жезус во Арсенал, тој е второто звучно име кое го напушта англискиот шампион ова лето. Неговото доаѓање на “Стемфорд бриџ” е уште поинтересно имајќи во предвид дека од неговиот актуелен договор останува само уште една година. По негови зборови тој со задоволство го прифаќа трансферот, а неговото потесно семејство живее во близина на Лондон.

Стерлинг во досегашната кариера настапуваше за Ливерпул (од 2012 до 2015 година) и за Манчестер Сити последниве 7 години. За “граѓаните” на 225 натпревари постигна 95 погодоци.

Димитар Младеновски