NBA-Поентерска експлозија на Девин Букер (ВИДЕО)

675

Феникс се судри со Њу Орлеанс, а Девин Букер приреди вистинско поентерско шоу.

Младиот бек постигна 58 поени (со одличен процент на реализација од 60%) и беше најзаслужниот за победата од 118:114.
Гостите од Луизијана имаа цели 24 поени предност во третата четвртина, но “сонцата” направија фуриозна серија од 25-4 и ја превземаа контолата во клучните минути кога натпреварот се решаваше.

Букер стана првиот играч во тимската историја кој успеал пет пати да ја надмине границата од 50 постигнати поени. По синоќешниот меч, “Ди-Бук” влезе во елитно друштво помеѓу најмладите играчи кој постигнале 12.000 поени. На таа листа се наоѓаат: Коби Брајант, Леброн Џејмс, Кармело Ентони, Кевин Дурент и Трејси МекГрејди.

Ова е втор триумф за Феникс откако ја прекина серијата од 5 порази по ред, и сега се наоѓа на четвртото место на Западот со скор 18-12.
Њу Орлеанс по третиот пораз по ред, е второпласиран со скор 18-11.

NBA FAN
Димитар Младеновски