Рано утрово, бевме сведоци на дуел за врвот на Западот.
Портланд Треил Блејзерс ја пречека Јута Џез во натпревар помеѓу најдобропласираните тимови во Западната Конференција.
Стартот на мечот им припадна на “блејзерси” но, гостите набргу се вратија во игра. На полувреме се замина со предност на момците од Солт Лејк Сити.
Во вториот дел од натпреварот, “џезерите” имаа +16 но, набргу следуваше серија на поени од домаќините преку која се врати неизвесноста на мечот. Во последните минути од натпреварот, стабилната игра на бековите од Јута беше клучна за задржување на предноста и конечна победа во “Мода”центар од 118:113.
Прв стрелец за Јута беше Малик Бизли со 29 поени следен од Џордан Кларксон со 28 и Лори Марканен со 23 поени. Кај Портланд, шест играчи имаа двоцифрен број на поени но, и покрај балансираниот напад не успеаа да го одбранат домашниот терен.
Со новата победа, Јута Џез е сеуште првопласиранa на Западот со скор 12-6, додека Портланд е на делба на втората позиција (со тимот на Мемфис Гризлис) со 10 победи и 6 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

