Монструозно деби на Двајт Хауард во Тајван (ВИДЕО)

503

Двајт Хауард е назад на кошаркарските терени.

Откако не успеа да најде NBA ангажман, 8-кратниот All-Star пред 10-ина дена потпиша за Тајванскиот Тајуан Леопардс. Синоќа го имаше своето деби.

Во натпревар на кој во најголемиот дел неговиот тим беше во негатива, токму тој беше клучен во победата од 120:115 (во продолжението) против тимот на Шинбеј Спешл Атек. Хауард имаше монструозен “дабл-дабл” учинок сочинет од 38 поени и 25 скокови, а придодаде и 9 асистенции и 4 блокади.

И покрај тоа што за кратко ќе наполни 38 години и има 18 сезони проведени во најсилната кошаркарска лига, Хауард јавно го изрази својот интерес да ја продолжи својата кошаркарска кариера на највисоко ниво.
И покрај тоа што Тајванската лига е далеку од елитно натпреварување, ова претставува почеток на реализацијата на неговиот план.

Димитар Младеновски