NBA-Неделни кошаркарски возбудувања (ВИДЕО)

73

Го издвојуваме најинтересното од Неделната кошаркарска вечер.

Лос Анџелес Лејкерс го разнесоа Сан Антонио Спарс, со конечни 123:92.
Балансираниот напад на домаќините беше клучен за високиот триумф. Седум играчи на домаќините имаа двоцифрен број на поени, а водечки беше Ентони Дејвис, кој оствари “дабл-дабл” учинок од 30 поени и 18 скокови.
“Лејкерси” повторно настапија без Леброн Џејмс, кој ја санира повредата на бутниот мускул.

Брулин го пречека Мемфис, а Кајри Ирвинг се врати по тимската суспензија од 8 натпревари. Во првиот натпревар по паузата, Ирвинг постигна 14 поени а прв стрелец беше Кевин Дурент со 26 поени во победата на “нетси” против тимот од Тенеси, со конечни 127:115. Младите “гризли мечки” настапија без својот лидер, Џа Морент.

Голден Стејт Вориорс, конечно стигна до првата гостинска победа сезонава.
Во деветото гостување во ова првенство, актуелниот шампион успеа да триумфира против Хјустон Рокетс со 127:120. Прв стрелец на мечот беше Клеј Томсон кој уфрли 41 поен а во чекор го следеше Стеф Кари кој постигна 33 поени и 15 асистенции (само една помалку од неговиот личен рекорд).

Кливленд го пречека Мајами и упати силна порака на својот источен ривал.
“Кавси” извојуваа убедлива победа од 113:87.
Шест играчи имаа двоцифрен број на поени а прв стрелец беше Дариус Гарланд со 25 поени. За “жешките” не настапи Џими Батлер и ова беше трети последователен пораз.

NBA FAN
Димитар Младеновски