NBA-Лука со нова фантастична претстава (ВИДЕО)

442

Од синоќешната NBA програма го издвојуваме најинтересниот натпревар.

Далас го пречека Портланд во меч кој се одлучуваше во последната минута. Домаќините извојуваа победа од 117:112. Лука Дончич по двата натпревари во кој не беше во свој елемент, синоќа пружи фантастична претстава. Словенечката ѕвезда оствари “трипл-дабл” учинок составен од 43 поени, 13 скокови и 10 асистенции но, за разлика од претходно овој пат доби несебична помош од своите соиграчи.

Спенсер Динуиди постигна три тројки во последните 3 минути од натпреварот за вкупно 20 поени, а Кристиан Вуд реализираше 19 поени. За гостите од Орегон, Џереми Грент повторно имаше одлична поентерска ноќ постигнувајќи 37 поени, следен од Демиен Лилард кој реализираше 29 поени и 12 асистенции.

И покрај поразот, Портланд се наоѓа на делба на втората позиција (заедно со Мемфис) со скор 9-4, додека Далас е на петото место со биланс 7-5.

NBA FAN
Димитар Младеновски