Моника Левински одлучила јавно да ги раскаже пикантериите кои со години ја “скокоткаа фантазијата” на јавноста – од тоа како ја завел тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, до приказната за легендарниот син фустан.
Моника Левински во изминатите 20 години зборувала за разни медиуми, но ретко споменувала детали од својата афера со Клинтон. Меѓутоа, тоа се променило со документарниот серијал наречен “The Clinton Affair” на телевизиската мрежа “A&E”.
Левински објаснила дека одлучила да учествува во документарецот за аферата со претседателот бидејќи не сака нешто слично да ѝ се случи на некоја млада личност. Имено, во текот на аферата со претседателот, Моника имала 22 години и работела како приправничка во Белата куќа.
Monica Lewinsky details Bill Clinton affair, terrifying meeting with investigators in new doc https://t.co/I9dPl8LcVY pic.twitter.com/3Ys1Vr294W
— DailyHoustonNews (@DailyHoustonNew) November 13, 2018
Во епизодата која ја погледнала екипата на “New York Post”, таа изјавила дека воопшто не знаела дека нејзиниот фустан има дамка која останала по сексуалниот однос со претседателот во тоалетот на Овалната канцеларија.
Пред односот, Клинот ѝ подарил украсна игла за шешир и книгата “Leaves of Grass” на Волт Витман.
“Тоа што ми ја подари оваа книга за мене имаше посебно значење. Тоа е интимна книга која не се подарува толку лесно. Се’ што ме мачеше: дали тоа што го чувствувам е реално? Постои ли тука нешто? Сите тие несигурности исчезнаа откако ми ја подари книгата”, додала Моника.
Таа влегла во Овалната канцеларија со Бил Клинтон и неговата секретарка, а тој ѝ ги предал подароците и ѝ кажал дека изгледа многу симпатично со нејзините шешири.
“Отидовме во тоалетот, каде станавме уште поинтимни. Тој ми делеше комплименти, јас му возвраќав. Дојдовме до точка до која тој во претходните средби секогаш застануваше. Го прашав дали сака да продолжи, а тој конечно се согласи”, изјавила Левински.
“Тогаш тој заврши, а јас го прегрнав. И тој ме прегрна мене. Потоа си заминав”. Моника објаснила и што се случувало по нивната средба.
“Тој ден излегов на вечера. Никој од луѓето кој ги сретнав таа вечер не ми кажа дека имам дамки по целиот фустан”.
Lewinsky participated in Clinton series so what happened to her "never happens to another young person in our country again" https://t.co/T1NHfTTOzy pic.twitter.com/vqE23LDm6Z
— The Hill (@thehill) November 13, 2018
Кога ваквите информации за нивната афера протекле во јавноста, Клинтон на почетокот го негирал тоа: “Немав сексуални односи со таа жена”, изјавил тој на конференцијата во Белата куќа, стоејќи покрај својата сопруга Хилари Клинтон. Но, фустанот послужил како доказ бидејќи на него имало траги од ДНК на претседателот, по што тој бил приморан јавно да ја признае аферата со својата приправничка.
Скандалот набрзо станал глобален, па дури и на некое време ја затресе претседателската позиција на Клинтон. Во низа подоцнежни интервјуа, Левински објаснила дека со години се криела од јавноста и често помислувала на самоубиство.
Таа истакнала дека им замерува на медиумите што интимните прашања на кои таа редовно била изложена, не му биле поставувани и на Клинтон.