Лос Анџелес Лејкерс конечно ја прекинаа црната серија.На гостувањето во Хјустон, “езерџиите” славеa со 132-123 прекинувајќи ја серијата о 5 порази по ред. Инзвонредно издание имаа Леброн Џејмс и Расел Вестбрук. Двајцата имаа трипл-дабл ефект. Леброн постигна 32 поени + 11 асостенции и скокови а “Рас” имаше 24 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Малик Монк го имаше најдобриот натпревар откако пристигна во “Ел-Еј”, постигна 25 поени а ветеранот Кармело Ентони постигна 24.
Во овој исклучително ефикасен меч, дури 12 играчи имаа двоцифрен број на поени. Со победата “лејкерси” се наоѓаат на седмото место во Западот, со скор 17-18.
NBA FAN
Димитар Младеновски