Ден „Д“ за мак-баскетот: Можеме ли да се вратиме во европскиот крем?

505

Македонија ја победи Италија, Русија беше подобра од Естонија, па така, нашиот национален тим остана во игра за едно од последните две места на Евробаскетот кој ќе се игра во 2022 година.

Најважниот натпревар за избраниците на Александар Тодоров е денес. Кошаркарите ќе се судрат со Естонија и ќе мора да победат убедливо ако сакаат да се вратат во европскиот кошаркарски крем, каде последен пат беа во 2015 година.

Естонија пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“, си поигра со Македонија и славеше со девет поени разлика (72-81). Сега, ќе биде потребно Македонија да слави со најмалку десет поени разлика во меѓусебната пресметка, за да се патува на европскиот кошаркарски собир.

Тодоров има проблеми со Ненад Димитријевиќ, кој заработи повреда. Шанси да игра постојат, иако селекторот најави дека тој нема да биде во комбинација за настап. Зборовите на Тодоров делуваа како игра пред дуелот со Естонците, па Димитријевиќ може да биде „џокерот“ на овој дуел. Доколку Нено не може да настапи, тогаш сите очи ќе бидат вперени кон Вајли, новиот натурализиран кошаркар во кој се гледа лидер и главен играч на паркетот.

Македонија во „балонот“ во Перм славеше над Италија, а претходно еднаш загуби од „аѕурите“ и од селекцијата на Русија. Денес е денот „Д“ за мак-баскетот. Можат ли „црвено-жолтите“ да направат подвиг и да дојдат до место на континенталниот собир?

  • Квалификувани селекции на ЕП 2022: