Кошаркарите на Бруклин Нетс испратија силна порака на синоќешниот меч. Во вториот дуел од серијата против Милвоки Бакс, домашните “нетси” извојуваа огромна победа од 125:86, и поведоа со 2:0 во полуфиналето на Источната конференција.
И покрај тоа што не беа комплетни поради отсуството на Џејмс Харден, “мрежичките” ја остварија највисоката победа во тимската историја, декласирајќи го противникот со 39 поени разлика. Уште од самиот старт Бруклин го водеше темпото. Првата четвртина ја завршија со 17 поени предност а на полувреме заминаа со резултат 65:41. Во второто полувреме Милвоки делуваше уште по конфузно па крајниот резултат никогаш не беше доведен во прашање.
Кевин Дурент го предводеше својот тим со 32 поени, следен од Кајри Ирвинг со 22. Џо Херис уфрли 13 а посебно пријатно изненадување претставуваше агресивната и борбена игра на Блејк Грифин, кој наликуваше на онаа вонсериска атлета од пред една деценија.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















