Ван Дер Варт: Вернер е многу брз, но трча како „слеп коњ“

69

Откако од РБ Лајпциг се пресели во Челзи, еден од најдобрите германски напаѓачи Тимо Вернер е мета на критики на англиската и германската јавност, поради неговата очајна реализација.

Поранешниот истакнат холандски репрезентативец Рафаел Ван Дер Варт ја анализираше играта на германскиот напаѓач, велејќи дека Вернер е многу брз, но трча како „слеп коњ“, со главата долу.

„Вернер е супер брз играч, и тоа најмногу ќе ви користи кога екипата е под притисок и се брани. Но, тој не може во целост да ја искористи својата брзина, затоа што трча со главата долу. Затоа тој ми делува како „слеп коњ“. Така играше и во Лајпциг, а така игра сега и за репрезентацијата и за Челзи“, вели поранешниот холандски репрезентативец.

Лошата реализација Вернер ја покажа и на натпреварот меѓу Германија и Македонија, на кој не реализира зицер-позиција, по која нашата селекција казни и извојува херојска победа од 1-2.