24-годишната пејачка Камила Кабељо и 22-годишниот Шон Мендез биле фотографирани на плажа во Мајами, каде сите очи биле вперени кон Камила.
Имено, кубанско-американската пејачка самоуверено ги покажала своите „маани“ односно вишокот килограми и целутитот, но очигледно таа не го смета тоа за голем проблем и за разлика од повеќето нејзини колешки, не е преоптоварена со изгледот.

Кабељо шетала по плажата и одлично се забавувала со момчето Мендез и нивната пријателка.

Интересно е што пејачката често го галела својот стомак, што дополнително поттикнало гласини дека е бремена.
Иако таа не обрнувала внимание дека ја фотографираат во вакво издание, нејзините фотографии веднаш ги преплавија светските медиуми и социјалните мрежи.

„Што ѝ се случило на оваа девојка?“, „Карантинот е виновен“, „Во шок сум“, гласат коментарите на социјалните мрежи, но има и такви кои застанале во одбрана на Камила:
„Престанете да го срамите телото на Камила и да прашувате што не е во ред со Шон Мендез што излегува со неа. Да се има малку прекумерна тежина е сосема нормално“.

Инаку Камила и Шон ја започнаа својата врска кон почетокот на 2019 година. Некои тврдат дека тие се заљубиле и претходно еден во друг, само добро го криеле тоа со своите музички соработки.

















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















