Зошто во татковината каде растев нема повеќе место за мене и моето семејство

693

-Уште кога одев во градинка, првата песничка која што ја учевме беше за татковината, за мојата татковина, колку е мила колку е убава… Татковината во која се родив пред 35 години, татковината во која растев, во која бев среќен. Татковината во која се вљубив и основав семејство. Татковината во која се школував. Татковината во која ја земав факултетската диплома како правник. И во татковната во која никогаш не најдов работа, повисока од 200 евра…

Македонија, за некои мајка, а за некои маќеа, но за повеќето во последно време, повеќе маќеа, и тоа од оние злобните маќеи, кои не ги сакаат децата, кои што ги малтертираат и гледаат само да им сторат нешто лошо…

 

Растев тука, не дека и тогаш кога бев дете имав некој луксузен живот, но ништо не ми недостасувеше. Родителите   ми беа обични работници, не беа со факултетска диплома. Па гледајќи ја нивната приказна, јас решив да се школувам и да имам диплома, еден ден да имам нормална работа и солидна плата. И така беше. Родителите делеа пари и ме школуваа. И еве десет години сум дипломиран правник, кој никогаш не земал поголема плата од 200 евра и тоа не во својата струка. Тука 200 евра од работа како келнер, како мијач на коли, како разнасувач на производи…

Зошто во Македонија нема место за мене и за моето семејство? Зошто моите деца да ги гледам преку Скајп, а не да им се радувам секој ден, како се будат, како растат, како напредуваат? Зошто домот, семејството треба да ги оставиш за да можеш да преживееш…

Моја мила татковино, не си ти виновна, таква те направија, те присилија, да бидеш маќеа, маќеа и тоа за најмладите.

Збогум драга…