Водовод и канализација за 25 илјади евра ќе ангажира маркетинг агенција

301

Јавното претпријатие „Водовод и Канализација„ објави оглас за избор на агенција која ќе треба да ја реализира маркетинг и ПР стратегијата на претпријатието.

Државата компанија за оваа намена има предвидено 25 илјади евра во буџетот за 2018 година. Агенцијата која ќе понуди најниска цена на тендерот планирано е сукцесивно според потребите во текот на една година да ги извршува услугите предвидени во тендерската документација.

Според техничката спецификација, агенцијата која ќе биде избрана на тендерот ќе треба да ги реализирани комплетните маркетинг услуги на претпријатието. Помеѓу нив се: осмислување на кампањи, пишување соопштенија, организирање прес конференција, водење социјални медиуми и др.

Краен рок за доставување на понудите е 3 септември оваа година.