ТАЖНА ПРИКАЗНА: ”ДОКТОРКE, МАЖ МИ РАБОТИ, НЕ ПИЕ, СЕКОЈ ДЕН ИМАМЕ ЛЕБ И НЕШТО ДА СВАРИМЕ, НЕ СЕ ЖАЛАМ”

302

Ова е приказна на докторка од Гинекологија, приказна од која ќе ви потечат солзи…
Влегувам во салата, а на гинеколошкиот стол гледам млада девојка, дали имаше 20-тина години, слаба, со испиено лице, темни подочници… Не и се слуша гласот…
Ми приоѓа бабицата и ми вели:

“Докторка, женава е дилатирана шест центиметри. Терминот за пораѓај е крајот на следниот месец, а бебето е многу мало”.

“Како се викаш?”, ја прашувам и и’ приоѓам на младата жена.

“Мелиса”, вели едвај чујно.

“Од каде си?”, продолжувам да ја прашувам.

“Од овде”, вели, “Тука сум мажена”.

“Добро Мелиса, зошто си толку слаба? Јадеш ли ти воопшто?”, ја прашувам.

“Да”, ми одговара кратко. “Добро јадам. Знаете докторка, мојот маж работи и заработува, не пие. Добар е. Секој ден имаме леб и нешто да свариме. Убаво живеам, не се жалам”, раскажува.

Јас кога ја слушнав се замрзнав… Сфатив дека е искрена. Дека тоа навистина е така како што таа раскажува. Таа навистина јаде само еднаш дневно и мисли дека тоа е во ред.

“Мелиса, имаш ли некој близок?Брат, сестра?”, ја прашувам.
Само сестра, докторка, ама таа е во хранително семејство. Знаете, мајка ми ја нема, а тато работи по цел ден и не знаеше што да прави со мене. А јас бев вредна, чистев, готвев…

Одев на пазар и го собирав зеленчукот што го фрлаа. А да видите колку добра храна фрлаат. Он мене ми вели: Мелиса, ти најдов маж. И го донесе. Ми рече, Иди дете со него, ќе ти биде подобро со него отколку овде со мене. И така, јас се омажив”, вели.

“И, дали ти е убав мажот?”, се обидувам да се пошегувам.

“Добар е”, прозборе и продолжи да молчи. Само гримасите на лицето покажуваа дека има болки. Млада жена која ја прифатила реалноста, колку и да е таа тешка, која не знае за подобро, очајна во својата немоќ било што да промени.

Бабицата ми ги донесе нејзините резултати од крвта…Фрлам поглед на хартијата и ми се стега кнедла во грло. Тешка анемија, хипопротеинемија.

Знаете, продолжува, ова е девојче. Ќе ја викам Амина. Имам некои работи. Сè исправ и наредив, навистина се како нови. И пелените, имам и пелени. Туку, немојте да ми се лутите, мислам дека ќе се напнам.”

“Напни се, Мелиса”, и велам и гледам во бабицата. Сите молчиме. Немаме зборови. А одвнатре нè стега, боли…

Ајде Мелиса, најсилно што можеш, напни. Мелиса слуша, нејзиното слабо тело ја дава својата сила и таа се породува. Бебето слабичко, ама убаво, плаче, црнокосо…

“Душо, мама те дочека. Душо, дајте ми ја да ја бакнам”, вели. Ја зема, ја гушка, ја бакнува и плаче од среќа.

“Душо, ти си ми мене сè. Колку е тешка, докторка?”, прашува.

“Еве само уште малку, Мелиса, ќе го измериме бебето”, и објаснувам. Бебето е тешко 2200 грама”.

“Убава е докторка, навистина е убава”.

“Да, Мелиса, убава е…”

Ја испратив бабицата да и ги донесе работите, да ја пресоблечеме. Бабицата го спушта погледот. Оди и носи кеса, обична, најлонска, а во неа една стара ноќница, една кесичка со влошки и сапун.

“Мелиса, дали си гладна, жедна?”

“Не сум, ќе јадам подоцна. Не грижете се, не ми треба мене многу”. И прв пат Мелиса има насмевка на лицето. Излегувам од болницата. Надвор ме чека низок човек. “Јас сум мажот на Мелиса. Дали таа е добро?”

“Да”, му велам и го гледам. Износена маица, ама чиста, голема тренерка и искинати патики. Рацете груби, изранети. “Се породи и бебето е добро.” Среќен е. “Ве молам, дајте и го ова на Мелиса”, ми вели и ми дава мала кутија плазма и сок.

“Нека јаде, треба да дои, а јас ќе дојдам утре…Ете ми тргна, имам да работам…” Си заминувам полна со тага. Тоа е реалноста. Тука околу мене. Следниот ден одам во визита кај неа. Ми се насмевнува. Мириса на сапун, испрана коса, во чиста ноќница. Го сфаќа мојот поглед. Ме гледа во очи и ми вели:

“Се исправ и се исушив. Топло е. Гледајте”, вели и покажува на масичката покрај креветот…сокови, наполитанки, плазма, чоколади…

Ми даваа, ама јас не зедов… Ми велат, јади Мелиса, види колку си слаба, а ние сме дебели”.

Наместувам насмевка и гледам околу себе…Овие прекрасни жени од нејзината соба почувствувале дека треба да и помогнат и и’ донеле од влошки до храна, а притоа ниту во еден момент не ја навредиле…

Доаѓа ден кога треба да си замине. При одењето Мелиса доаѓа да се заблагодари… “Ви благодарам за работите што ми ги дадовте за бебето. Не требаше”

“Нека Мелиса, уживај. Не е тоа ништо”.

“Фала, фала…”

“А тој ги чека…Ги бакнува во косата и и’ дава на Мелиса една ружа…Така треба… Ги гледам и си мислам…Колку навистина на човека му е потребно за да биде среќен? Навистина не знам.