РКЕ: Исклучените од парно чии станови се празни ќе продолжат да плаќаат сметки

130

Ниту еден граѓанин кој живее во стан во своја сопственост којшто бил исклучен од системот за централно греење пред 31 март 2019 година нема да плаќа никаков трошок за испорака на топлинска енергија од системот за централно греење започнувајќи од сметките за месец април, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Сопствениците на становите коишто се исклучени од системот за централно греење се должни до снабдувачот со топлинска енергија да достават: барање кое што е одобрено од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и е достапно на шалтерите на снабдувачот, имотен лист на станот кој не е постар од 30 дена за кој бараат ослободување од обврската и лична карта на увид.

Од РКЕ информираат дека обврската за плаќање на фиксен надоместок за централно греење ќе продолжи единствено за граѓаните коишто се исклучени од системот за централно греење и нивните станови се празни.

loading...