На денешен ден (2002 година) Вашингтон Визардс го пречека Феникс Санс.
Мајкл Џордан ја играше својата прва сезона во дресот на тимот од главниот град, по второто враќање на кошарката. Само две вечери пред дуелот со “Санси”, најголемиот играч на сите времиња постигна 40 поени против Кливленд Кавалирс. На овој натпревар, Џордан повторно приреди шоу.
Мајкл постигна 41 поен (со одличен процент на шут од поле – 57%) и 7 асистенции за 40 минути поминати во игра. “Волшебниците” победија со 112:102.
И на 39 годишна возраст, “Ем-Џеј” беше сериозна закана за противничките одбрани со исклучително разновиден офанзивен арсенал на потези.
Уживајте во најубавите моменти од мечот.
NBA FAN
Димитар Младеновски