Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Милвоки Бакс и Њу Орлеанс Пеликанс.
Поранешниот шампион го пречека младиот тим од Луизијана кој настапи без Зион Вилијамсон и Брендон Инграм. Домаќините тоа го искористија на најдобар можен начин. “Бакси” веќе во првата четвртина обезбедија 19 поени предност и доминираа до крајот на натпреварот за конечна победа од 135:110.
Јанис Антетокумпо имаше одлична вечер. Грчкиот репрезентативец постигна 50 поени со фантастичен процент на реализација од поле со над 70%, а зграби и 13 скокови.
Поимпресивно делува податокот дека Јанис ова поентерско достигнување успеа да го постигне за само 30 минути поминати на паркетот.
Милвоки стигна до својата четврта победа по ред и се наоѓа на третата позиција на Истокот со 33 победи и 17 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)
















