Ретро NBA-Коби Брајант против Мајкл Џордан во “градот на ангелите” (ВИДЕО)

808

На денешен ден се случи долго посакуваниот дуел.

На 14 Февруари 2003 година, Мајкл Џордан со својот Вашингтон Визардс гостуваше кај Коби Брајант и Лос Анџелес Лејкерс. Тоа беше прв дуел помеѓу двете икони по пауза од четири години.
Актуелниот шампион во својот “Стејплс центар” настапи без Шекил O’Нил но, тоа не ги спречи да извојуваат победа од 103:94.

Коби Брајант беше водечки стрелец на натпреварот со 23 поени, а со зграбени 11 скокови и реализирани 15 асистенции оствари “трипл-дабл” учинок. Легендарниот Мајкл Џордан постигна 22 поени и 6 асистенции. За “Лејкерси” одличен поентерски придонес пристигна од Дерек Фишер со 16 поени и Линдзи Хантер кој од клупата за резервни играчи постигна 13 поени.

Речиси 19.000 гледачи во Калифорнија беа сведоци во овој одличен натпревар.
Уживајте во најубавите моменти од мечот.

NBA FAN
Димитар Младеновски