NBA-Денвер и Вашингтон разменија 4 играчи

421

Трампа помеѓу Вашингтон Визардс и Денвер Нагетс.

Тимот од главниот град следното првенство ќе може да смета на одличиот дефанзивен ветеран Вил Бартон како и на потентниот бек-шутер Монтеј Морис (кој би требало да биде прва замена по враќањето на првиот стрелец на “нагетси” Џемал Мари кој ја пропушти целата ланска сезона поради повреда).

Од друга страна, тимот од Колорадо во своите редови го доби еден од најдобрите дефанзивни бекови во лигата, Контевиус Калдвел-Поуп и ветеранот Иш Смит. “Кеј Си Пи” важи за одличен одбанбен играч и сосема солиден шутер. Иш Смит по последниот трејд стана играчот со најмногу тимови во историјата на NBA. Смит ќе настапува за својот 13 тим што претставува нов рекорд.

NBA FAN
Димитар Младеновски