Реал Мадрид “во лов” на поранешниот играч на Барселона

532

Еден од најдобите хрватски кошаркари (најверојатно) пристигнува во Мадрид.

Огромна е веројатноста, Марио Хезоња да се приклучи на “кралскиот клуб”. 203 цм. високото крило претставува еден од најдобрите играчи на својата позиција.

За многумина ситуацијата на Хезоња е многу слична со еден од најдобрите играчи на лутиот ривал Барселона, Никола Миротич. Како и Миротич, Хезоња настапуваше во NBA лигата каде имаше солидна минутажа и богат договор но се реши да се врати во Европа и да игра за шпанскиот гигант.

Хезоња беше драфтуван во 2015-та од страна на Орландо Меџик како висок петти пик на драфтот. По три сезони поминати на Флорида, популарниот “Супер Марио” се пресели во Њу Јорк каде по една година премина во Портланд. По 5 NBA сезони во кој бележеше разочарувачки 7 поени по натпревар, во 2021 се врати во Европа и тоа во грчки Панатинаикос.

Ланската сезона ја помина во руски УНИКС Казан и пружуваше одлична игра. Беше MVP на првенството и го привлече вниманието на најголемите европски клубови. Доколку се реализира преселбата во Мадрид, Хезоња ќе стане еден од ретките кошаркари кој го облекле дресот на двата најлути шпански ривали. Како еден од најперспективните млади играчи на стариот континент, настапуваше за Барселона во периодот од 2012 до 2015 година.

На 27 годишна возраст и со импресивно искуство досега, се очекува хрватскиот репрезентативец да биде големо засилување за тимот од Мадрид во следната сезона.

Димитар Младеновски