Откако “Форбс” го прогласи за првиот активен играч чие ботатство надмина милијарда долари, Леброн Џејмс ги најави своите планови за во иднина.
Според американските медиуми, нова цел на супер ѕвездата на “лејкерси” е да стане сопственик на NBA тим. Комесарот на лигата, Адам Силвер се почесто ја споменува идејата за проширување со уште два тима а првенство ќе имаат градовите Сиетл и Лас Вегас. Иако многупати претходно беше дискутирано за додавање на нови тимови, имајќи ја во предвид комплексноста на целиот процес останува да се види дали во блиска иднина ќе дојде до реализација.
Во секој случај, Леброн Џејмс е решен да стане сопственик на NBA тим веднаш по неговото повлекување од активнo играње. Тоа би се случило по една сезона откако неговиот син би пристигнал во лигата, бидејќи Џејмс многу пати има отворено кажано дека планира да одигра една сезона во тандем со него.
“Кралот” во моментов е сопственик на продукцијата “Спринг Хил” а има свој дел во “Фенуеј Спортс” во чија сопственост е фудбалскиот клуб Ливерпул, бејзбол тимот Бостон Ред Сокс како и НХЛ тимот Питзбург.
NBA FAN
Димитар Младеновски