Лион и Лаказет повторно заедно

583

Александaр Лаказет повторно ќе го носи дресот на Лион откако потпиша тригодишен договор со францускиот прволигаш.

Искусниот голгетер се враќа назад на “Жерлан“ како слободен играч, по истекот на договорот со Арсенал. Токму од тимот на Лион во 2017 година се пресели во Лондон за рекордна продажба од 60 милиони евра. Пет сезони подоцна, се враќа назад во клубот каде ги мина најдобрите моменти во кариерата. Лаказет пристигна во Лион на 12-годишна возраст, ги мина младинските категории во тимот, потоа настапи во осум сезони во првиот тим одигрувајќи 275 натпревари и постигнувајќи 129 погодоци.

“Враќањето на Лаказет беше приоритет на клубот во последните месеци и одлично се вклопува со новата стратегија што ја воведува Лион“, се вели во клупското соопштение за трансферот на искусниот голгетер.

Димитар Младеновски