Партизан и Обрадович го запалија “Пионир” (ВИДЕО)

890

Партизан во дуелот со Хамбург на дело ја покажа најубавата кошарка оваа сезона. Во пеколна атмосфера, во преполниот “Пионир” црно-белите славеа со 102-77.

Она што воодушеви беше пожртвуваната игра на играчите во моменти кога имаа огромна предност. Токму таквите потези секогаш ја воодушевуваат публиката. При огромна предност, домашното крило Зек Лидеј заврши на записничката маса во обид да ја спаси топката при водство на неговиот тим од огромни +34. Целата публика беше на нозе а посебно интересна беше реакцијата на легендарниот тренер Жељко Обрадович. Лидерот на тимот беше воодушевен од својот кошаркар и силно го прегрна честитајќи му за пожртвуваноста.

Партизан е на делба на првата позиција во Еврокуп – Група А (заедно со шпански Хувентуд) со ефект од 8 победи и 2 пораза.

Димитар Младеновски