Во синоќешната богата NBA програма бевме сведоци на апсолутна доминација на кошаркарите од бившите “Ју” простори.
Никола Јокич имаше монструозен трипл-дабл учинок, сочинет од 49 поени, 14 скокови и 10 асистенции водејќи го својот Денвер до победа над Лос Анџелес Клиперс по продолжението од 5 минути со 130-128. На спротивната страна младиот хрватски центар Ивица Зубац, постигна 32 поени и 10 скокови заокружувајќи ја една од најдобрите средби во неговата кариера.
Во тесен натпревар Далас го победи Торонто (102-98) благодарение на маестралната партија на Лука Дончич кој постигна 41 поен + 14 скокови и 7 асистенции.
Јута загуби од Хјустон (116-111) но, воодушеви хрватскиот интернационалец Бојан Богданович кој беше прв стрелец кај домаќините постигнувајќи највисоки 29.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















