Шпанецот Фернандо Алонсо ја заврши денешната трка од Формула 1 во Белгија веќе во првиот круг.
Нико Хулкенберг му направи неволји. Тој се заби во болидот на Алонсо кој потоа налета и го прелета болидот на Шарл Леклер поради што веќе на отворањето на патеката мораше да излезе безбедносното возило.
Целата сцена изгледаше ужасно, но мина добро и без потешки повреди за возачите.
Шпанскиот возач претходно најави дека оваа трка ќе му биде последна во кариерата, а со оглед на тоа дека заврши со судир, се чини дека нема со задоволство да се сеќава на самиот крај на кариерата.
37-годишниот Алонсо два пати беше првак во Формула 1, а во кариерата оствари 32 победи, 22 пати ја освојуваше пол позицијата, а последен пат славеше во 2013. година на Големата награда на Шпанија.
На денешната трка во Белгија триумфираше Германецот Себастијан Фетел во Ферари, пред големиот ривал Луис Хамилтон.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















