Грчкиот гигант Пантинаикос сериозно се подготвува за следното првенство.
Откако го ангажираа литванецот Мариус Григонис кој пристигна од ЦСКА Москва, “зелените” ја пополнија плејмејкерската позиција со двајца американци. Во Атина пристигнаа Парис Ли (од Монако) и Ендрју Ендрјус (од Бурса Спор). Денес пристигна и новиот бек шутер. Станува збор за 31-годишниот Нејт Волтерс кој пристигна од Црвен Ѕвезда.
Волтерс има богато искуство. Краток период настапуваше во NBA лигата, односно 84 натпревари кој ги подели меѓу Милвоки, Њу Орлеанс и Јута. Како интернационалец настапуваше за Бешикташ, Елан Шалон, Жалгирис, Макаби Тел Авив, УНИКС Казан и во два наврати за Црвена Ѕвезда.
По официјализацијата на Волтерс, во Атина со огромна возбуда се чека дого најавуваното засилување – еден од најатрактивните играчи во Европа, Дерик Вилијамс. Преговорите помеѓу најстариот професионален клуб во Грција и искусниот американец се во завршна фаза. Голема е веројатноста Вилијамс да потпише едногодишен договор во наредните 48 часа.
Димитар Младеновски