Случајот за мистериозната смрт на британскиот пар повторно го шокираше светот: Обдукцијата на нивните тела покажала нешто многу чудно

970

Ќерката на Џон и Сузан Купер, британскиот пар кој починал за време на одморот во Египет, тврди дека телата на нивните родители биле испратени без некои органи.

69-годишниот Џон и неговата 63-годишна жена Сузан починале во август во хотел во Хургада. Египетските власти навеле дека парот починал од Ешерихија коли во хотелот “Стајгенбергер Аква Меџик”.

Но, обдукцијата во Велика Британија се сметала за “недоволна” при што минатиот месец била покрената истражна постапка. Ќерката Кели Ормерод го критикувала одложувањето на тестирањата во Велика Британија и навела дека на нејзините родители “им недостасуваат делови од телото”.

“Мислам дека на моите родители им недостасуваат делови од телото, но не добивам одговори”, изјавила таа.

“Наведена сум да верувам дека одредени органи недостасуваат, чувствувам дека тоа се затајува”, додала Кели.

Парот Купер од Ланкашир бил на одмор во Египет, организиран од страна на агенцијата “Томас Кук”. Нивниот заеднички погреб се одржа во септември, а ќерката претходно изјавила дека нема доверба во египетските власти.

Во медиумите се појави уште еден случај на Британец, Дејвид Хамфрис, на кого му биле украдени бубрезите и срцето пред неговото тело да биде вратено во Велика Британија. Тој починал во својата 62-ра година, играјќи си во базен со своите внуци во истиот ресорт на Црвеното море.

Британскиот иследник наредил втора обдукција со која било утврдено дека недостасуваат споменатите органи. По петчасовното интервју, семејството на Хамфрис навело дека била извршена аутопсија против нивната волја.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи тврди дека му помага на семејството Купер. Извори од египетската амбасада наведуваат дека е “логично” тоа што властите ги отстраниле органите, со цел да ги тестираат.