Оглас за вработување на државни службеници во Агенција за администрација, плата 23.600 денари

51

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 249/2019 за вработување на 3 државни службеници од група I, подгрупа I во Агенција за администрација за следните работни места

1. УПР0101В04000 Помлад соработник за разгледување и обработка на доставени жалби и приговори на јавни службеници, Одделение за одлучување по жалби и приговори на јавни службеници, Сектор за правни работи(1) извршител(и)

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, со или без работно искуство во струката.

Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување.

Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Дополнителни услови: познавање на општи прописи од административната област и други прописи од работното законодавство.

Распоред на работно време: Работни денови понеделник-петок, работни часови неделно 40, работно време од 07:30 до 15:30, опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.

Паричен нето износ на плата: 22.020,00 денари. НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

2. УПР0101В03000 Соработник за слободен пристап до информации од јавен карактер, Одделение за нормативно-правни работи и соработка со институциите во јавниот сектор, Сектор за правни работи(1) извршител(и)

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки и најмалку 1 (една) година работно искуство во струката.

Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување.

Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Дополнителни услови: познавање на прописите од областа на слободен пристап до информации од јавен карактер. Распоред на работно време: Работни денови понеделник-петок, работни часови неделно 40, работно време од 07:30 до 15:30, опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот. Паричен нето износ на плата: 23.607,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец(ка) 1.

3. УПР0101В03000 Соработник за административна селекција, Одделение за јавен оглас и административна селекција, Сектор за селекција на кандидати за вработување(1) извршител(и)

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Социјална работа и социјална политика, Правни науки или Јавна управа и администрација и најмалку 1 (една) година работно искуство во струката.

Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување.

Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Дополнителни услови: познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор

Распоред на работно време: Работни денови понеделник-петок, работни часови неделно 40, работно време од 07:30 до 15:30. Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.

Паричен нето износ на плата: 23.607,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Македонец(ка) 1.

ЦЕЛИОТ ОГЛАС МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ НА ЛИНКОТ