Енферни Сајмонс е најновиот победник во натпреварот во забивање на NBA All Star собирот.
Бекот на Портланд го победи дебитантот на Њујорк Никс, Оби Топин. Во првата рунда беше елиминиран и бекот на Индијана Пејсерс, Кејсиус Стенли. Поголемиот дел од гледачите беа разочарани од тоа што го видоа. 21 годишниот плеј на “блејзерси” е прв кошаркар на Портланд кој успеал да победи на натпреварот во забивање, во богатата историја на франшизата од Орегон. Тој се обиде и да го бакне обрачот при едно забивање.
Сајмонс неспорно имаше неколку атрактивни забивања и беше видливо дека советите на ланскиот победник (неговиот тимски колега Дерик Џонс Јуниор) вродија со плод. Клучно за победата беше вртоглавиот одраз на младиот бек. Најголемиот број на фанови натпреаварот го оценија како најлошиот во историјата. Имаше најмал број на натпреварувачи од формирањето на ова натпреварување во 1984 година, само три присутни забивачи.
Многумина на социјалните мрежи го критикуваа изборот на играчи за ова натпреварување како и времетраењето на самото “шоу”. Натпреваот во забивање има огромна и богата историја. Престижниот трофеј во своите витрини го имаат најголемите кошаркарски имиња како Мајкл Џордан, покојниот Коби Брајант, Доминик Вилкинс, Винс Картер итн.
NBA FAN
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















