Синоќа, се судрија последните два NBA шампиони. Актуелниот првак, Милвоки Бакс го пречека Лос Анџелес Лејкерс, во “Фисерв” форум, Висконсин.
На почетокот од натпреварот, агресивниот стил на Расел Вестбрук му носи блага предност на тимот од “Ел-Еј”. Следуваше одговор од Јанис Антетокумпо, (кој го презентираше својот подобрен шут за три поени) носејќи ја првата предност за својот тим (25-24). Тејлен Хортон-Такер поентира во налет за гостите, а Џру Холидеј одговара на спротивната страна. Една од најдобрите резерви во лигата, Боби Портис, влегува во серија од 6 поени по ред, за солидна предност на Милвоки од 64-53 на полувреме.Кармело Ентони го отвара вториот дел со прецизен шут. Возврати Малком Брогдон, а потоа Ентони Дејвис и Јанис Антетокумпо го продолжија својот ѕвезден двобој. Поените на Дејвис му го враќаат водството на гостинот
(79-78). Кошот на репрезентативецот, Крис Миделтон му носи минимално водство на шампионот, на почетокот на последната четвртина. Токму тој, влегува во убава серија. Дејвис повторно доминира во рекетот а Хортон-Такер ја пробива одбраната за 6-та промена на водството, во последниот дел од мечот. Следува серија од прецизни шутеви на домаќините, во кој прединачи Пет Конатон, за ново водство. Поените (под прекршок) на Јанис, го носат Милвоки на +6, на 2 минути до крајот. Стабилната одбрана носи голема победа од 109-102.
Јанис Антетокумпо одигра фантастичен меч и беше најзаслужен за успехот на тимот, постигнувајќи 47 поени (со 18/23 успешност од поле). Огромна помош доби од Боби Портис кој реализираше 17 поени, а Крис Миделтон и Пет Конатон имаа по 16. Лејкерси ги предводеше младиот Тејлен Хоротон-Такер со 25 поени, следен од Расел Вестбрук со 19 и Ентони Дејвис со 18 постигнати поени.
NBA FAN
Димитар Младеновски