Наполи е во преговори со Суперлигата, можно е Елмас да не игра на ЕП?

79

Најбогатите 12 клуба во Европа одлучија да формираат Суперлига, на која очекувано се спротиставија УЕФА и ФИФА.

Новото натпреварување, кое се планира да започне во август оваа година, ќе брои 20 учесници, кои ќе поделат огромна сума на пари на самиот почеток. Потоа ќе инкасираат големи бонуси за остварените резултати, овоможено од американската корпорација „JP Morgan Chase“.

Засега сигурни се 12 учесници, се преговара со уште три екипи кои ќе бидат дел од групата основачи, а дури потоа ќе се разгледуваат опции за дополнителни пет кандидати за првата сезона.

Меѓу неколкуте клубови кои се споменуваат е и Наполи. Италија има три претставници во Милан, Интер и Јувентус, а наводно се водат преговори тимот од Неапол да се приклучи на новиот проект.

Ако тоа се случи и ако се потврдат санкциите кои ги најавуваат ФИФА и УЕФА, тогаш Ељиф Елмас нема да може да игра за Македонија на претстојното Европско првенство!

Заканите на Чеферин и Инфантино се дека фудбалерите од учесниците во Суперлигата ќе добијат забрана за настап на сите натпреварувања кои се организирани од ФИФА и УЕФА. Тоа до неодамна не ја засегаше македонската репрезентација, но доколку Наполи ја прифати понудата, нашиот талент нема да ѝ помогне на селекцијата на дебитантскиот настап на контиененталниот собир.

Покрај Наполи се споменуваат имиња како Бенфика, Порто….