NBA со Димитар Младеновски-Силни “клиперси” (ВИДЕО)

1149

Лос Анџелес Клиперс извојува важна победа во синоќешното гостување во Портланд. Секогаш незгодните “блејзерси” ја одржуваа неизвесноста до последните секунди од мечот.

Во последните две минути од натпреварот, “клиперси” направија серија од 10-3, од кој 8 поени беа дело на Пол Џорџ. Сјајното крило имаше извонреден меч. Реализира дабл-дабл учинок од 33 поени и 11 скокови, за конечни 113-112. И покрај отсуството на Каваи Ленард, нападот на “клиперси” балансирано ја одработи задачата. Маркус Морис со 16 поени и ветераните Николас Батум и Демаркус Казнс постигнаа по 11 поени и придонесоа за тимскиот успех. На спротивната страна, во отсуство на тимскиот лидер, Демиен Лилард, прв стрелец беше Си-Џеј МекКалум со 28 постигнати поени.

NBA FAN

Димитар Младеновски