Се огласи и Еузебио Ди Франческо по отказот од Рома

265

Перспективниот стратег Еузебио Ди Франческо од вчера повеќе не е тренер на Рома откако раководството на клубот се реши да му врачи отказ по неуспехот во Лигата на шампионите и елиминацијата од Порто.

Стратегот кој минатата сезона со Рома стигна до полуфиналето во најелитното европско натпреварување не зборуваше многу по неговиот отказ, туку само со една реченица посочи дека сторил се што било во негова моќ за доброто на тимот.

– Жал ми е за играчите кои играа помалку од другите, но сакам да ви кажам дека јас дадов се од себе за доброто на тимот. Среќен сум што тренирав такви играчи – кратко одговори Ди Франческо.

Негова замена до крајот на сезоната најверојатно ќе биде Клаудио Раниери кој се очекува да слета на аеродромот во Рим во следните неколку часа.