NBA-Шампионот изненаден дома, драматично во Хјустон (ВИДЕО)

510

Најинтересното од синоќешните NBA натпревари.

Шампионот беше непријатно изненаден пред своите навивачи. Голден Стејт Вориорс го пречека младиот тим на Индијана Пејсерс.
Балансираниот напад на гостите каде шест играчи беа двоцифрени со поени, беше клучен за големата гостинска победа од 112:104.
Водечки беше дебитантот Ендрју Нембард со 31 поен и 13 асистенции.
Кај домаќините, Стеф Кари имаше лоша шутерска вечер и постигна (за него прескромни) 12 поени а водечки беше Клеј Томсон со 28 поени.

Хјустон Рокетс и Филдалфија 76ерс го одиграа најнеизвесниот натпревар во претходната вечер.
Присутните во “Тојота” центарот беа сведоци на две продолженија, по кој нивниот тим извојува победа од 132:123.
Шест играчи на “ракетите” имаа двоцифрен број на поени, а водечки беше Џејлен Грин со 27 поени.
На спротивната страна, Џоел Ембид постигна 39 поени. Џејмс Харден се врати на терените по паузата од еден месец поради повреда и во дуелот против својот поранешен тим постигна 21 поен и 7 асистенции.

Милвоки гостуваше на Флорида, против Орландо Меџик. Јанис Антетокумпо повторно ја покажа својата доминација. “Фрикот” имаше “дабл-дабл” ефект од 34 поени и 15 скокови со што беше најзаслужниот за победата од 109:102. Боби Портис со 18 и Џру Холидеј со 17 поени го следеа својот лидер.
Со новата победа, “бакси” имаат биланс 17-6 и се наоѓаат на втората позиција во Источната конференција.

Во репризата од ланскиот плејоф дуел, Далас го пречека Феникс Санс.
Домашните “Мавси” доминираа од самиот старт и веќе на полувремето имаа предност од 24 поени. На крајот, извојуваа убедлива победа против првопласираниот тим на Западот со конечни 130:111.
Лука Дончич повторно беше лидер на тимот постигнувајќи 33 поени и 8 асистенции. Одлична игра пружија Спенсер Динуиди со 21 постигнат поен како и Кристиан Вуд со 18 поени.

Источниот лидер имаше ново гостување преку границата.
Бостон Селтикс се соочи со Торонто Репторс. Одличниот напад во третата четвртина беше клучен за остварување на сигурна предност и конечна победа од 116:110 на “селтикси”.
Џејсон Тејтум беше лидер со 31 поени и 12 скокови додека, а кај поразените Паскал Сиакам постигна 29 поени.
Со новата победа, “Келтите” се сеуште на врвот со скор 20-5.

NBA FAN
Димитар Младеновски