Бостин Селтикс се пласира во NBA финалето.
Во решавачкиот седми натпревар, “селтикси” триумфираа со 100:96. По тешкиот старт на првенството ова е вистински успех за тимот од Масачусец. Од самиот почеток Бостон го диктираше темпото на мечот за на крајот да успее да се пласира во големото финале по пауза од 12 години.
Џејсон Тејтум беше водечки со 26 поени следен од Џејлен Браун и Маркус Смарт кој постигнаа по 24 поени. На спротивната страна Џими Батлер беше најпрецизен на натпреварот со 35 поени.
Бостон заедно со Лос Анџелес Лејкерс се најтрофејните тимови во историјата на NBA со по 17 освоени титули. “Келтите” сега ќе се обидат да го освојат (рекордниот) 18-ти трофеј.
Првиот меч од големото финале помеѓу Голден Стејт Вориорс и Бостон Селтикс се игра на 2-ри Јуни.
NBA FAN
Димитар Младеновски