Тимот на Монца славеше во Пиза во реваншот од финалето на плејофот во Сериа Б по продолженијата со 4-3со што избори пласман во Сериа А.
Монца е последниот патник во елитното италијанско натпреварување за сезоната 2022/23. Екипата во сопственост на легендарниот Силвио Берлускони (некогашниот водечки човек на Милан) ќе игра против најсилните тимови во италијанскиот фудбал.
Успехот на Монца дојде по драмата во финалето на плејофот со Пиза. Избраниците на Берлускони го добија натпреварот на домашен терен со 2-1 но, потоа загубија во Пиза со 3-2. Toa значеше дека патникот во елитата ќе го решат продолженијата. Пиза брзо дојде до два гола предност. Сепак, Монца го намали водството преку Макинау во 20-та минута, а потоа израмни кога Гиткјер во 79-та минута погоди за 2-2.
Мастина во игра ја остави Пиза со гол во 90. минута. Сепак, Монца прикажа одлична игра во продолжението и преку Мароне во 96. минута и Гиткјер во 101. минута ги отстранија сите дилеми за последниот патник во првата лига.
Димитар Младеновски