Најдолгата победничка серија (во моментов) синоќа, беше прекината од актуелниот NBA шампион.
Милвоки Бакс гостуваше во Хјустон. “Рокетси” имаа 7 победи по ред. Маестралната партија на Јанис Антетокумпо беше главна причина за победата на гостите од 123-114. Грчкиот репрезентативец постигна 41 поен, 17 скокови и 5 асистенции со одличен процент на шут од поле (15/19).

Ова е четврти пат играч на Милвоки да има вакво достигнување 40/15/5 (поени/скокови/асистенции) и сите се во сопственост на Антетокумпо. Последен пат кога некој друг имал ваков учинок е далечната 1972 година, кога тоа го оствари легендарниот Карим Абдул-Џабар.
Голема помош за Јанис, стигна од вториот All-Star играч, Крис Миделтон кој постигна 21 поен како и од Боби Портис кој постигна идентични 21. Милвоки Бакс се наоѓа на третата позиција во Источната конференција со скор 17-10. Во последните 10 натпревари имаат 8 остварени победи.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


