Марго Роби била снимена на сетот на еден нов филмски проект во кој и таа учествува, со катка црна перика со која што не наликува на себе.
Актерката Марго Роби (30) важи за една од најубавите жени на светот, а еден од нејзините најголеми атрибути секако дека е долгата руса коса, но сега направила драстична промена на изгледот.
Австралијанската убавица била снимена во текот на сетот на својот нов филм со кратка коса и на фотографијата речиси е непрепознатлива, но за среќа не станува збор за трајна промена затоа што како што пренесуваат странските медиуми, Маргот носи перика.

Актерката на фотографиите кои што биле направени во калифорниски Пасадени изгледала добро расположено, а сè уште не е познат насловот на филмот кој што моментално се снима.
Се знае дека е дело на режисерот Дејвид О. Расел, кој што на фотографијата е покрај неа, а кој што работел на добро познатите филмови: „Во добро и во зло“ и „Американска измама“ за кои што бил номиниран и за Оскар.
Познато е дека во неговиот филм покрај Марго ќе глумат и други холивудски ѕвезди, како Роберт де Ниро, Крис Рок, Рами Малек, Мајк Маерс…












![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











