Ноќ на изненадувања во NBA.
Индијана Пејсерс ја пречека Јута Џез во “Геинбриџ филдхаус” и го одигра најдобриот натпревар сезонава. Домантас Сабонис (синот на легендарниот Арвидас Сабонис) го одигра натпреварот на кариерата. Литванецот постигна 42 поени со само четири промашени обиди одигра (18/22). Ова беше прва победа на Индијана по црната серија од шест порази по ред.
Ново одлично издание имаше (повратникот во тимот) ветеранот Ленс Стивенсон кој постигна дабл-дабл од 16 поени и 14 асистенции. За Стивенсон ова е трет пат во кариерата како го облекува дресот на “пејсерси” и е вистински миленик на публиката. За очекувања е по потпишувањето на 10 дневниот договор, управата да го задржи до крајот на сезоната. За Јута Џез (кој е третопласиран тим на Западот) не помогна ниту одличната партија на нивниот најдобар играч, Донован Мичел кој постигна 36 поени. Индија Пејсерс има многу тешка сезона. Во моментов се наоѓа меѓу тимовите на дното во Источната конфенренција со скор 15-25.
Мајами Хит гостуваше во Аризона против Феникс Санс. “Жешките” од Флорида уште еднаш покажаа за колку сериозен тим станува збор, поразувајќи го најдобриот тим во лигата без своите двајца All-Star играчи. Без повредените Џими Батлер и Бем Адебајо, проработеа шутерите на Мајами за висок триумф на гости од 123-100.Тајлер Хироу беше водечки стрелец со 33 поени следен од Данкан Робинсон со 27 поени (од кој 8 тројки). Тимот од Флорида упати дури 44 шутеви за три поени а погоди 22 од нив. Со новиот триумф “жешките” стигнаа до третото место на табелата во Истокот со скор 25-15.
NBA FAN
Димитар Младеновски