Од вчерашната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Бруклин Нетс и Милвоки Бакс.
“Мрежичките” ги пречекаа “елените” во дуел помеѓу најдобропласираните тимови на Истокот. Ланскиот шампион ја потврди улогата на фаворит победувајќи со 121-109. Најкорисниот играч (во два наврати) Јанис Антетокумпо беше лидер на гостите со 31 постигнат поен и 9 асистенции. Помош дојде од Боби Портис кој постигна 25 поени и од вториот All-Star во составот, Крис Миделтон со 20 поени. Милвоки имаше шест играчи со двоцифрен број на поени. 
Со новата победа, Милвоки сеуште се наоѓа на третата позиција (26-15), веднаш зад Бруклин (24-13). Лидер на Истокот е Чикаго кој има импресивна серија од девет победи по ред (26-10).
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















