NBA-Мемфис и Минесота со уште еден драматичен дуел (ВИДЕО)

637

Најнеизвесниот двобој во првото коло на годинашниот плејоф дефинитивно е дуелот помеѓу Мемфис и Минесота.

Во натпревар на кој во последната минута четири пати тимовите се менуваа во водството, положувањето на Џа Морент донесе победа од 111:109. Младите “гризли мечки” поведоа со 3:2 во победи и ги дели само уште еден триумф до следното коло.

Џа Морент беше повторно лидер со 30 поени и 13 скокови, следен од Дезмонд Бејн со 25 постигнати поени. Младиот центар Брендон Кларк одигра одличен меч и реализира дабл-дабл учинок од 21 поен и 15 скокови. Возбудливата игра на своите миленици ја наградија навивачите во преполниот “Фед Екс” форум кој со аплауз и овации останаа да ги бодрат играчите долго по завршувањето на натпреварот.

NBA FAN

Димитар Младеновски