NBA колумна на Димитар Младеновски-Збогум голем човеку.

488

Ова не е текст во кој ке набројувам статистики, освоени награди и трофеи. Ова не е момент за споредби, епитети и комплименти. Ова е еден од најтешките денови во историјата на спортот. Ова е најтешкиот текст кој го пишувам.

Како да беше вчера. Се сеќавам како со мојата покојна мајка одиме заедно да си одберам роденденски поклон. Во 1997 година за прв пат во раце го имав дресот од Kobe Bryant. Не можам да опишам колку се чувствував среќен со златната 8-ка. Истиот ден пристигнав кај мојот чичко (страствен фан на L.A. Lakers). Подеднакво се израдува како и мене на роденденскиот поклон кој го добив. Токму мојот чичко, вчера попладне, ми ја пренесе трагичната вест. “Коби повеќе не е меѓу нас”. Почина и неговата ќерка.

За многумина е најдобар на сите времиња. За мене е најдобриот кој го облекол “златно / пурпурниот” дрес. Секогаш мотивиран. Жеден за совршенство. Безстрашлив. Пример за напорна работа. Невообичаен. Несебичен да ја пренесе мудроста која низ годините ја стекна. Секогаш спремен своето искуство да го пренесе на помладите играчи. Годинава требаше да влезе во “халата на славните” Замина прерано. Имаше да понуди уште толку многу. Замина заедно со својата најстара ќерка, за да биде оваа трагедија двојно поголема. Замина пред да ја раскаже својата приказна. Низ солзи помислувам што ли би било доколку се задржеше на овој Свет подолго?

 

Ке те паметам по заразната насмевка.

Ке те паметам по остриот поглед и убиствениот инстинкт.

Ке те паметам по инспирацијата која ја даваше насекаде низ Светот.

Ке те паметам како еден од најголемите, како еден од највредните.

Ке те паметам по упорноста и енергијата со која зрачеше секој ден.

Ми претставуваше чест да те гледам.

Бог ги зема прерано најдобрите.

Целиот Свет тагува по тебе. Никогаш нема да биде исто.

Почивај во мир голем човеку.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски