Ви го претставуваме најинтересното од синоќешните NBA возбудувања.
Ниту во петиот обид сезонава, Лос Анџелес Лејкерс не успеа да стигне до победа.
На гостувањето во Минеаполис, загубија со 111:102. Леброн Џејмс на овој натпревар постигна 28 поени и застана на првото место на листата на играчи кој на најголем број натпревари постигнале над 20 поени. “Кралот” има вкупно 1.135 вакви мечеви, со што го надмина легендарниот Карл Мелоун.
На овој натпревар не настапи “Ол-Стар” крилниот-центар за “Ел-Еј”, Ентони Дејвис. Кај “волците” Ентони Едвардс постигна 29 поени а Францускиот центар, Руди Гоберт имаше масивен “дабл-дабл” учинок составен од 22 поени и 21 скок.
Портланд Треил Блејзерс го пречека Хјустон Рокетс во меч на кој во центарот на вниманието беше Босанскиот репрезентативец, Јусуф Нуркич.
“Нурк” беше најзаслужен за домашниот триумф од 125:111, постигнувајќи 27 поени и 15 скокови. Во отсуство на нивниот најдобар играч, Демиен Лилард приматот на прв стрелец го превзема младиот Енферни Сајмонс кој реализира 30 поени.
Со новата победа, “блејзерси” се наоѓаат на врвот на Западната конференција со скор 5-1.
Бостон Селтикс го пречека во Кливленд Кавалирс во најнеизвесниот натпревар од синоќешната програма. По дополнителните 5 минути, гостите успеаа да извојуваат тешка победа од 132:123.
Бековите на тимот од Охајо имаа поентерска експлозија. Донован Мичел и Керис Леверт постигнаа по 41 поен и беа најзаслужни за тимскиот успех. На спротивната страна, Џејлен Браун и Џејсон Тејтум постигнаа по 32 поени за “селтикси”.
Со четвртата победа по ред, тимот на “коњаниците” го има еден од најдобрите почетоци на првенството и се наоѓа во врвот на Истокот, со скор 4-1.
NBA FAN
Димитар Младеновски