NBA-Лејкерс и Пистонс се соочија по големиот инцидент (ВИДЕО)

579

Осум дена по “крвавиот дуел” во Детроит, повторно се соочија Лос Анџелес Лејкерс и Детроит Пистонс. Таа вечер Леброн Џејмс и Ајзеа Стјуарт имаа конфликт по при што “кралот” доби суспензија од еден меч, додека Стјуарт беше казнет со неиграње на два натпревари.Овој пат немаше инцидент, а “Лејкерси” благодарение на фуриозната серија од 16-0 во третата четвртина, стигнаа до победа од 110-106. Тимот од “градот на ангелите” стигна до 50% успешност остварувајќи ја (само) 11 победа во 22-от меч.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 33 поени и 9 асистенции. Одличен натпревар одиграа и Расел Вестбрук со 25 поени и 9 асистенции, како и Ентони Дејвис со 24 поени и 10 скокови. На спротивната страна, (репрезентативецот) Џереми Грент постигна 32 поени, недоволно за изненадување на гостински терен. “Ел-Еј” се наоѓа на осмото место во Западот (11-11), а играчите на Двејн Кејси се претпоследни на Истокот (4-16).

NBA FAN 

Димитар Младеновски