Од синоќешната програма, го издвојуваме дуелот помеѓу долгогодишните ривали од Централната дивизија. Чикаго, во “Јунајтед” центарот, го пречека Шарлот.Ова беше посебен дуел, бидејќи (еден против друг) се соочија браќата Лонзо и Ламело Бол. Помладиот, Ламело, имаше (за малку) поимпресивна претстава, постигна дабл-дабл од 18 поени и 13 асистенци. Постариот, “Зо”, со 16 поени и 8 асистенции и покрај тоа што беше статистички послаб во дуелот со помладиот брат, се радуваше на победата на својот тим.
Биковите повторно ја демонстрираа својата офанзивна сила. Прв стрелец за домаќините,овој пат беше (Црногорскиот репрезентативец) Никола Вучевич со 30 поени и 14 скокови (со 6 погодени тројки). “Вуч” беше следен од (динамичниот бековски тандем) Демар Дерозан и Зек Лавин, со 28 и 25 постигнати поени. На спротивната страна, Тери Розиер беше најдобар стрелец на мечот, со 31 постигнат поен.
Чикаго со новиот триумф се искачи на втората позиција на Истокот, со биланс на победи и порази, 14-8. Шарлот (во моментов) е шестопласиран со скор 13-10.
NBA FAN
Димитар Младеновски