Ова се вашите влажни марамчиња фрлени во тоалет (ФОТО)

152
Апелираме граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена, велат од претпријатието.

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на канализацискиот систем, во него да не се фрлаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување како што се влажни марамици, најлони, предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел да се заштити системот и нормално да функционира. Поради неправилното фрлање на отпадот настанува опасност од затнување и излевање на отпадната вода.

– Утрово, екипите на секторот Канализација, на улицата Никола Русински работеа на чистење и отпушување на шахти запушени како резултат на влажни марамици, даски и шипки, односно неодговорно однесување на корисниците. Апелираме ваквото неодговорно однесување да запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето – велат од секторот Канализација.

Оттаму апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, неговото рециклирање и правилно одлагање.

– Апелираме граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена – додаваат од претпријатието.